Жителите на еден рурален округ во Индонезија кои не носат заштитни маски на лице се соочуваат со казна во вид на копање гробови за починатите од ковид-19.
Локалните власти оваа казнена мерка ја воведоа за да го принудат населението во поголема мера да придонесат за спречување на ширењето на пандемијата од ковид-19, а на 9. септември таа им е изречена на тројца средовечни мажи и петмина малолетници.
Како што наведува Си Ен Ен, алтернативата на овој вид казнување со „општокорисна работа“ е плаќање на парична казна во противвредност од 10 долари.
Иако носењето маски на јавни места е задолжително ширум Индонезија, дел од населението остро се противи и не го почитува тоа правило, како ни обврската за одржување на физичка дистанца, а централните власти одредувањето на казните за тие прекршоци им го препуштија на локалните органи.
Во Индонезија вкупно се регистрирани речиси 230.000 случаи на ковид-19, од кој во таа земја починаа најмалку 9.100 лица.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















