Бубрезите и црниот дроб имаат важна функција за работата на целиот организам. Тие се како филтери кои нè ослободуваат од сите токсини и штетни материи. Од таа причина е многу важно да водите грижа за нивното здравје односно одвреме-навреме да направите детокс за да ги прочистите.
Рускиот метод во овој случај се покажал како многу делотворен и претставува еден вид пост во период од 24 часа.
Во текот на еден ден се внесуваат вода и зелен зеленчук и важно е строго да се придржувате до наведеното време.
1. По будењето, на празен стомак испијте 1 чаша топла вода во големи голтки и направите 10 до 15 клекнувања. На тој начин ќе ја стимулирате функцијата на дигестивниот тракт.
2. По еден час изедете порција зелена салата или кој било друг зелен зеленчук и испијте чаша свежо цеден сок од зеленчук.
3. 12.00 часот – испијте чаша провриена вода.
4. 13.00 часот – изедете голема порција зелен зеленчук и испијте чаша сок од зеленчук.

5. 14.00 часот – испијте чаша провриена вода.
6. 15.00 часот – порција зеленчук и свежо цеден сок.
7. 17.00 часот – чаша провриена вода.
8. 18.00 часот – салата и сок од зеленчук.
9. 20.00 часот – половина литар провриена вода.
На овој начин ефикасно ќе ги прочистите бубрезите и ќе го започнете процесот на исфрлање токсини. Не смеете да ја посолувате салатата, а овој пост не смее да се практикува повеќе од 2 пати месечно.
Напомена: Пред започнување со постот, посоветувајте се со вашиот лекар.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















