Урнебесна сцена на пресот на српскиот претседател: Како треба да се однесува еден партиски војник?

918

Еден возбуден поддржувач на српскиот претседател Александар Вучиќ не можеше да се воздржи за да му даде аплауз на големиот лидер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ организираше прес-конференција на која зборуваше за изборите на Косово и резултатите кои ги оствари Српската листа. Според Вучиќ, тоа е најубедливата победа во историјата, затоа што Српската листа доби 98,07 од гласовите на Србите и освои 10 мандати во косовскиот парламент.

Додека зборуваше на говорницата, зад Вучиќ имаше неколку поддржувачи, а еден од нив очигледно беше премногу возбуден од говорот на српскиот претседател, па во неколку наврати не можеше да издржи за да даде аплауз.

„Сакам да го замолам нашиот народ на Косово и Метохија вечерва да се весели без да загрози некого, а ние утре ќе продолжиме да работиме за на поддршката на Белград и Србија секогаш да можат да сметаат“, изјави Вучиќ пред да биде прекинат од аплаузот на неговиот голем поддржувач.