УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари да го реши проблемот со дивоградбите

676

УНЕСКО одлучи да му даде рок на Охрид до февруари следната година да ги спроведе препораките за заштита на природните богатства. Засега, градот нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Според информациите, делегацијата од Македонија која е во Баку го убедувала УНЕСКО дека дел од дивоградбите кои се уште се градат се стопирани, иако во Охрид интензивно и без прекин се градат две од нив кои се наоѓаат во заштитеното подрачје.

Истовремено, зружението „Фронт 21/42“ нотира дека од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби.

Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Општина Охрид од препораките спроведе само три, односно, експресно го изготви Регистсрот на нелегални градби, ги тргна палмите и дел од билбордите од центарот на градот, на самиот кеј.

Клучната препорака од УНЕСКО беше да се прогласи мораторум за градење, но, градот не ја спроведе досега.