Удар на воени објекти во Сирија: Проектили лансирани од морето, неколку биле соборени

897

Сириската против-воздушна одбрана утринава пресретнала и соборила ракети лансирани кон неколку воени и цивилни локации во Латакија.

Како што пренесуваат сириските медиуми, соборени биле неколку ракети од страна на сириската против-воздушна одбрана, а според првичните информации, во нападите биле повредени најмалку седум лица.

Локалните медиуми веднаш за ракетниот напад ја обвинија израелската армија, но за тоа нема официјална потврда. Според други извори, нападот бил изведен од страна на милитантите стационираи во сириската провинција Идлиб, а новинската агенција „Сана“ тврди дека ракетите долетале од морето.

Според „Сана“, мета на нападите биле индустриски објекти, а засега нема подетални информации околу причинетата штета.

Нападот бил изведен околу 22:00 часот по локално време, а фотографиите објавени на социјалните мрежи откриваат како изгледало сириското небо над погоденото подрачје.