„Тутоспорт“: Барселона го купува искусниот голгетер на Јувентус

707

Се чини за Марио Манџукиќ повеќе нема место во Јувентус па во текот на целото лето константно се поврзува со заминување од Торино.

Весникот „Тутоспорт“, кој жази за близок до „старата дама“, пренесува дека се подготвува голем трансфер на релаација Торино – Барселона.

Имено Барселона покажува интерес за Марио Манџукиќ. Тренерот Валверде бара искусен напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Луис Суарез, па Хрватот би бил идеален избор.

Во замена за Манџукиќ, Барселона е спремна да го испрати во Јувентус 19-годишниот лев бек Хуан Миранда, за кого „бјанконерите“ покажуваат сериозен интерес, плус 10 милиони евра.