Турција денеска ги добива ракетните системи С-400, тврдат тамошните медиуми

254

Испораката на руските ракетни системи С-400 во Турција би можела да биде реализирана денес, објави „Хабертурк“.

Според наводите на весникот, системот С-400 синоќа бил натоварен во два товарни авиона.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно рече дека системот С-400 е подготвен да биде испорачан во Турција, но не сакаше да го прецизира точниот датум, објави „Тасс“.

Веста дека Турција договорила со Русија испорака на ракетни системи С-400 првпат беше објавена во ноември 2016 година, а една година подоцна Ердоган објави дека е потпишан договор со Русија и дека системите се исплатени.

Овој договор не им одговара на САД, кои се обидуваат да го спречат неговото спроведување, предупредувајќи дека Вашингтон би можел да ја исклучи Анкара од програмата за набавка на воени авиони Ф-35.