Меган Рапино: Светска шампионка која одбива да ја пее американската химна

178

Лидерката на американскиот фудбалски национален состав кој ја одбрани светската титула и дојде до четвртиот планетарен трофеј со победата над Холандија во финалето на Мундијалот во Франција, пред дуелот за трофејот не ја пееше американската химна.

Таа само стоеше без никаква емоција на лицето и со рацете зад грбот додека беше интонирана химната на нејзината земја. Ова се должи на војната што Рапино континуирано ја води со претседателот на САД, Доналд Трамп. Таа е поддржувачка на движењето на Колин Кеперник и постојано изразува протест за политиките на Трамп. Рапино претходно и клекнуваше за време на химната, но американската фудбалска федерација воведе правило репрезентативците да се обврзани да стојат за време на химната.

Рапино привлече големо внимание и со изјавата дека во случај на триумф, таа нема да оди на традиционаната посета на Белата Куќа. Дополнителен оган на нејзините изјави додава и претседателот Трамп кој на секој нејзин потег одговара на Твитер.