Тука Ел Чапо ќе го мине остатокот од животот: Од овде не побегнал никој, а во самица ќе биде 23 часа дневно

0
107

Најголемиот мексикански нарко-бос, Хоакинг Гузман, попознат како Ел Чапо, е прогласен за виновен по 10 точки на обвинението за трговија со дрога.

Иако пресудата ќе биде соопштена во јуни, се претпоставува дека остатокот од животот ќе го мине зад решетки. 

61-годишниот нарко-бос најверојатно ќе биде пратен во Колорадо, во озлогласениот затвор “ADX Florence”.

Како што се наведува, никој досега не успеал да побегне од овој затвор.

Ел Чапо нема да биде сам, бидејќи во оваа установа се наоѓаат многу сурови криминалци, како бомбаши и терористи. На пример, таму е Џохар Царнаев, кој со експлозив убил три и ранил 280 луѓе на Бостонскиот маратон, Абу Хамза, радикален исламист кој наместо рака има кука и Тед Качински кој сеел страв ширум Америка кога праќал писма-бомби.

“ADX Florence” бил отворен во 1994-та година, а изграден бил за стражарите да се заштитат во најголема можна мера бидејќи во минатото имало многу пропусти, па дури и жртви при пресметки на чувари и затвореници.

Условите во затворот се многу тешки. Затворениците минуваат 23 часа во самици со димензии 2×3,60 метри. Малиот прозор овозможува само поглед во небото, па затворениците не знаат во кој дел од затворот се наоѓаат. Секоја ќелија има бетонски кревет, масичка и полица.

“Во Гвантанамо имаат подобар третман од нас тука”, рекол еден затвореник.

Од најдобро обезбедениот затвор во САД уште никој не успеал да побегне, па поради тоа е познат и како Алкатраз на Карпестите планини. Тука се затворени извршители на најтешки злосторства, кои немаат никаква почит кон човековиот живот.

Затворскиот комплекс е делумно под земја и окружен е со високи ѕидини.

Поради тоа затворениците се потполно дезориентирани, шо било и целта, за да се спречат можни обиди за бегство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here