Куртоа бара куќа во Мадрид, доаѓа неговиот соиграч од Челси

807

Колонијата на поранешни фудбалер на Челси во тимот на Реал би можела да се зголеми на крајот од сезоната, тврдат шпанските медиуми.

По Тибо Куртоа, се очекува и трансфер на неговиот соиграч од репрезентацијата Еден Азар кој конечно ќе го реализира својот сон да го облече белиот дрес. Тој го ангажирал токму Куртоа да му најде куќа во Мадрид каде ќе живее кога од јули ќе стане жител на овој град,

Азар е во Челси од 2012 година, со овој тим освои две титули во Лигата на шампионите, но никогаш не криеше дека најголема желба му е да игра во Реал.