Цел свет ја следи драмата на Тајланд: Познат милијардер сака да помогне во спасувањето на децата

1193

Американскиот милионер Илон Маск рече дека со задоволство би помогнал во спасување на младиот тајландски фудбаласки тим, кој веќе десет дена е заробен во пештерата.

Корисник на Твитер го прашал Маск дали би можел некако да му помогне на тимот што е заглавен во пештерата.

„Претпоставувам дека тајландската влада држи сè под контрола, но со задоволство ќе помогнам ако постои било каков начин тоа да се направи“, напишал во објавата.

Потсетуваме дека децата и нивниот тренер се пронајдени во понеделникот на 2 јули, после 10 дневното исчезнување. Спасувачите се во паника затоа што повторно се очекуваат врнежи во наредните денови. Силниот дожд може да го зголеми нивото на вода во пештерата и да го загрози засолништето на групата.

Тајландските спасувачи „водат борба“ со времето. Се обидуваат од пештерата, каде што веќе десет дена се заробени дванаесетте деца и тренерот, да испумпаат што поголема количина на вода и на тој начин би можеле со помал ризик да ги изнесат надвор, изјавија официјалните лица за денес.

Според изјавите на пожарникарите, одредени делови кои водат до местото каде што се најдени децата – се потполно поплавени. Така што, засега единствениот начин тие да излезат е да нуркаат низ темните тунели, а тој начин на спасување, за искусните нуркачи трае и по шест часа.

Многу од децата не знаат да пливаат и би требало да поминат основна обука за нуркање.

Не е јасно дали Маск ќе допринесе за спасување на децата, и доколку допринесе на кој начин би било тоа, бидејќи меѓународните тимови веќе се дојдени на местото и се обидуваат да ја остварат оваа комплексна мисија. Но, јасно е зошто корисникот на Твитер му се обрати токму на него – милијардерот во моментов е многу ангажиран околу раскопувањето на тунелите, преку компанијата „Boring“.

Маск во неколку големи градови во САД, вклучувајќи го и Лос Анџелес, прави подземни мрежи за супербрз транспорт во рамките на проектот „Lup“.