Тухел ја подотвори вратата за трансфери на Нејмар и Мбапе: Јас сакам да останат, ама…

201

Килијан Мбапе и Нејмар се двајца играчи за кои многу се зборува и пишува, особено во последниов период и тоа поради можноста да си заминат од Пари Сен Жермен.

„Светците“ не сакаат да останат без нив и редовно испраќаат јасни пораки околу нивната иднина, но тренерот Томас Тухел ја подотвори вратата, односно ја остави отворена опцијата за можно заминување. Германецот сака да ги има двајцата на располагање во следната сезона, меѓутоа не верува дека ќе биде крај на светот ако некој си замине, бидејќи во тој случај ќе најдат други решенија

–Мбапе има големи цели и самодоверба и одлучи да го направи тој говор. Тој е многу интелигентен и знае што прави, ама од друга страна е добредојден за презема поголема одговорност. Секој играч може тоа да го направи, не треба тоа да го барате во говор. Тој е специјален играч, сака да дава голови, голови, голови…да го има секој трофеј. Специјални фудбалери се такви и ние треба тоа да го прифатиме тоа. Не сум лут. Тоа е фудбал. Да, како тренер сакам да останат, но внимаваме. Не сме наивни, клубовите сакаат да потпишат со многу играчи. Но, ако ме прашате како тренер, да сакам да бидат тука следната сезона. Ама ако тоа не е така ќе најдеме решенија, -порача предводникот на клубот од Париз.

Како следна најчесто споменувана дестинација за Французинот и Бразлиецот е тимот на Реал Мадрид.

 

loading...