Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува силен ветер, а утрово во Сплит ветрот дувал со речиси 176 километри на час.
Бурата во Далмација е најголемата што досега е измерена во овој град, пишуваат хрватските медиуми. Во Сплит паѓаа гранки, контејнери и дрва на патиштата, а ветрот собори и сообраќајни знаци, пишува „Далмација данас“. Поради силната бура, во прекин се траектите кон островите, а забележани се и неколку потонати јахти.
Во Хрватска бројни патишта се затворени за сообраќај.
Во текот на ноќта, силен ветер дуваше и во Херцеговина кој направи големи проблеми во сообраќајот, а едно лице е повредено.
Сараевските медиуми пренесоа дека ветер со удари до 100 километри на час крши стебла, а едно лице од Мостар се здобило со полесни повреди кога стебло паднало врз неговото возило.

Во Црна Гора силниот ветер направил голема штета откако откорнал цели дрва и се урнале покриви на објекти, како и градежни скелиња.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















