Во 23.30 часот во близина на салата „Борис Трајковски“, мопед „Јијинг“, управуван од 41-годишниот И.З. од Бардовци, скопско, удрил во рабник и метални столбчиња на тротоарот.
Притоа, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Сопатникот на мопедот, осумгодишно дете, со друго возило било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















