Торта од кутија за сладолед: Два фила, без печење, готова додека да трепнете!

397
Потребни состојки:
  • 400-500 грама бисквити
  • 400 милилитри слатка павлака
  • 4-5 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 1-1,5 лажици какао

За глазурата:

  • 60-70 грама чоколадо за готвење
  • 100-120 милилитри слатка павлака

Ставете ги во сад слатката павлака, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и матете ги со миксер додека не добиете густ крем. Поделете ја смесата на 2 дела и во вториот дел додајте какао.

Земете правоаголна кутија за сладолед и обложете ја со проѕирна фолија, па на дното ставете половина од светлиот крем. Врз него наредете бисквити, па врз нив повторно ставете светол фил, повторно бисквити, па половина од темниот фил, потоа ред бисквити па фил и завршете со слој од бисквити.

Покријте ја тортата со фолија и ставете ја во фрижидер 1-2 часа да се зацврсти.

За глазурата, загрејте слатка павлака, но внимавајте да не зоврие, па тргнете ја од рингла. Додајте чоколадо и измешајте за да се соедини смесата.

Извадете ја тортата од фрижидер, тргнете ја фолијата и внимателно превртете ја на тацна.

Истурете ја глазурата врз тортата, изладете ја малку, украсете ја по желба и послужете ја!