Тој што е по кошарката, не може да ја заборави оваа славна седумка. Легенда на Чикаго, НБА, Југопластика, Хрватска и Југославија, која беше неизоставен дел од бандата на Фил Џексон. Најдобар шести играч во тоа време.
Како еден од најдобрите и најуспешните хрватски кошаркари на сите времиња, Тони Кукоч е примен во кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд. Заслужено и големо признание после седум неуспешни обиди.
Тој е сега петти Хрват кој влезе во друштво на “бесмртните“ кошаркари. Другите се Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002), Мирко Новосел (2007) и Дино Раѓа (2019).
Од каде ли да почнеме да ги броиме успесите на Кукоч, идол на многу генерации. Освои три НБА прстени со Чикаго и тоа по ред (1996-1998). Стана три пати европски првак со Југопластика исто така по ред (1989 – 1991).
Врвот го достигна и на репрезентативно ниво со Југославија. Два пати европски првак (1989 и 1991) и еднаш светски (1990), како и освојувач на два сребрени олимписки медали во Сеул 1988 и Барселона 1992. Да не почнуваме и со индивидуалните награди.
Од НБА избрани се двократниот шампион со Мајами Хит, Крис Бош, поранешниот капитен на Бостон Селтикс и шампион во НБА Пол Пирс, четирикратниот најдобар дефанзивец во лигата Бен Валас и Крис Вебер.
Меѓу тренерите на НБА-лигата на листата се најдоа легендата на Селтикс, Бил Расел, кој долго време беше во Домот на славните како играч, трикратниот финалист на НБА-лигата Рик Аделман и постхумно Котон Фицсимонс.
![[ВИДЕО] Крај на чекањето по шалтери: Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/ESCO9-9-218x150.png)















![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/EhVwe-raketa-proektil-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Крај на чекањето по шалтери: Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/ESCO9-9-100x70.png)




