Сребрениот медал на Дејан Георгиевски донесе еуфорија во спортска Македонија. Цела држава навиваше за 22-годишникот, кој сепак не успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Утре нашиот херој заедно со својот тим ќе се врати со сребрениот медал. Македонската теквондо федерација повика до сите граѓани да се појават во што поголем број, за да бидат дел од организираниот пречек на Георгиевски.
Младиот теквондист немаше сили за изненадување во големото финале, во кое загуби од Русинот Владислав Ларин.