Тања Савиќ сепак е бремена, ќе му роди бебе на градоначалникот на Бања Лука

658

Љубовната врска за која се пишува деновиве меѓу пејачката Тања Савиќ и градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ многумина изненади. Како што пренесува порталот „Свет.рс“, изгледа пејачката крие нова бременост.

Во прилог на тоа го наведуваат податокот дека неодамна била забележана како купува тест за бременост во аптека.

Беше мирен ден, немав многу работа. Во еден миг влезе Тања и купи тест за рано откривање бременост, но не мора да значи дека го купи за себе. А и да го купила за себе? Млада е, убава е, пред неа е животот. Па што ако сака да има ќеркичка, јас од срце ѝ го посакувам тоа“, изјавила за „Скандал“ аптекарката.

Земајќи предвид дека секој ден српските медиуми пишуваат за нејзината врска со градоначалникот, многумина ги интересира како Драшко реагирал на овие радосни вести, како и дали неговата поубава половина ќе го израдува со приновата. Сепак, пејачката досега не се огласи по овој повод.