Тамара Тодевска: Премрзнав како коцка мраз, но задоволството од сработеното е најважно!

1210

Тамара Тодевска која неодамна го сними видеото за темата “Довидување таго” со која ќе го означи големиот камбек на музичката сцена на “Фејсбук” објави фотка преку која откри како поминало екранизирањето на спотот.

“Момент на убаво чувство. Ми се познава нели? Ова е крај на снимањето. Тука сум премрзната како коцка лед. Дуваше толку силен ветер, да ми дуваше уште три дена во главата. Покрај тоа, ни чамецот не ни палеше да се вратиме од местото каде снимавме, до нашите сместувалишта, но задоволството направи од тоа ништо да не е важно”, напиша пејачката која наскоро ќе се оствари како мајка по втор пат, а овој сингл неодамна откри дека е посветен на ќеркичката Хана која неодамна наполни две години.

Меѓу другото, таа ги откри и авторите на новата песна – долгогодишните соработници Роберт Билбилов и Игор Џамбазов, кои се и главните виновници за нејзините најголеми хитови во досегашната кариера, а режисер на видеото е Чедо Поповски.

“Крајот на оваа приказна ќе го раскажете вие, кога ќе ја слушнете и видите “Довидување таго”. Едвај чекам”, заклучи Тамара.