Светските берзи повторно во црвено: Доволна била само една изјава на Трамп

840

Светските берзи денес се во пад, по изјавата на американската администрација дека планира да го ограничи извозот на високотехнолошки производи во Кина, како и инвестициите на кинеските компании во технолошкиот сектор на САД.

На Волстрит, поширокиот индекс S&P 500 паднал за 1,0 проценти на 2,727 поени, индустрискиот “Dow Jones” за 1,1 проценти на 24.303 поени, а технолошкиот “NASDAK” за 1,4 проценти на 7.585 поени, пренесува агенцијата “AP”.

Во Европа, германскиот индекс “DAX” паднал за 1,7 проценти, лондонскиот “FTSE” за 1,6 проценти, а француски CAC 40 за 0,9 проценти.

Доларот “лизнал” на 109,65 јени со 109,91 јени од петок, додека еврото пораснало на 1,1689 долари од 1,1663.

Азиските берзи се исто така во пад, при што хонконшкиот индекс “Hang Seng” паднал за 1,3 проценти, а токиски “Nikei” za 0,8 проценти.