Драма во кралското семејство! Снаите се скарале

813

Помалку од еден месец минало од венчавката на принцот Хари и Меган, а некогашната актерка била заедно со кралицата Елизабета во Чешир, во Англија, каде заедно посетувале бројни официјални настани, што ја вознемирило Кејт Мидлтон.

Но, како што пишуваат британските медиуми, Кејт не била вознемирена само од денот со кралицата. Таа мисли дека Меган има посебен третман во кралското семејство.

“Речиси никако не разговараат. Натпреварот во популарност предизвика големи потреси во палатата”, велат изворите.

Кејт, се наведува, е вознемирена и од други работи. Лута е и поради домот во кој ќе живеат Хари и Меган, бидејќи мисли дека не е фер новопечените младенци да добиваат апартман кој е поголем од нивниот.

Кејт ја научила Меган на се што знае за кралскиот протокол, но, поради новонастанатата ситуација, целосно престанала да и дава било какви совети, велат изворите.