Еден од најубавите рецепти од Блискиот Исток
Турското јадење султански кебап се служи кога сакате да импресионирате некого со вашите кулинарски вештини.
Потребни состојки:
- 250 грама телешко од бут исечено на парчиња
- 4 подебели кори за пита или тортилја
- 100 грама грашок
- 1 компир исечен на коцки
- 1 морков исечен на коцки
- 1 главица кромид исечкана на коцки
- 3 чешниња изгмечен лук
- 1 лажичка доматно пире
- половина чаша вода
- 1 лажица путер
- сол
- бибер
За сосот бешамел:
- 1 чаша млеко
- 1 лажица брашно
- 1 лажица путер
- сол
- бибер
- 100 грама рендан кашкавал
Приготвување:
Сварете го месото, а посебно загрејте го путерот, додајте кромид и кратко пропржете. Потоа, ставете го и свареното месо и пржете додека не зарумени. Додајте го лукот, морковот, компирот и грашокот и продолжете со пржење. Пред крајот, додајте го доматното пире разматено во малку вода. Посолете, ставете бибер и динстајте додека не омекне зеленчукот.
Во меѓувреме направете го сосот бешамел. Загрејте путер и во него пропржете брашно, но внимавајте да не пожолти. Потоа, прелијте го со млеко и загревајте додека не се згусне со постојано мешање. На крајот, зачинете го бешамелот по желба.
Земете една кора или тортилја и ставете го филот од месо и зеленчук, па затворете ги краевите или свиткајте ја. Внимателно пренесете ја кората на подмачкан плех. Направете четири вакви ролати, секој од нив премачкајте го со бешамел и наросете го со рендан кашкавал.
Печете го султанскиот кебап 20-25 минути во рерна загреана на 200 степени.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















