Благодарение на Новак Ѓоковиќ, судијката Лора Кларк стана популарна преку ноќ.
Ѓоковиќ ненамерно ја удри Лаура со топка за време на мечот на УС Опен и тој автоматски беше дисквалификуван, иако е очигледно дека тој немал намера да го прави она што го стори. Се случи, за жал, но Новак сепак мораше прерано да го напушти Њујорк како прв фаворит.
Српскиот тенисер и се извини на Лора, а потоа ги замоли своите обожаватели да престанат да ја навредуваат и да и се закануваат, но Лора сега може да заработи добри пари.
Имено, некои медиуми пишуваат дека Американката е подготвена да го тужи Новак за претрпениот страв и дека би можела да побара голема оштета знаејќи какво богатство има првиот тенисер на светот.
Засега, ова е непроверена информација, се очекува потегот на Лора, која очигледно добро ќе размисли за потенцијалната заработка заснована врз несреќата што го снајде Новак.













![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















