Се огласи и Дунавка по раскинувањето со Ване: Нека биде како „мама каже“

191

Откако на социјалните мрежи Ване Цветанов вчера објави дека дошол крајот на љубовната приказна со манекенката Дунавка Трифуновска, рано утрово и таа на социјалните мрежи го објави својот став.

Во текстот напишан во повеќе редови Дунавка во прилично ироничен и метафоричен стил открива дека крајот на врската го ставиле во понеделникот и тоа на тајна средба за која таа не знаела дека и Ване ќе биде присутен на неа.

„Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста“, а ни малку да биде „едно“ со иднината“ кога ќе биде испочитуван, тогаш може да гледаме други епизоди. До тогаш господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца.

Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже“ е личен избор.

Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ги постави своите државнички интереси пред личните.

Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ке биде присутен!

Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално.

Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“ – пишува меѓу другото Дунавка.