Шерон Стоун: Сите уште сакаат да ги гледаат моите гради, иако имам 62 години

758

Иако неодамна ја „раситни“ седмата декада од својот живот, многумина оваа холивудска актерка уште ја доживуваат како секс симбол. Што мисли за тоа, Шерон прeнесува People.

„Луѓето сѐ уште сакаат да ги гледат моите гради. Па јас имам 62 години! Пораснете!“, изјави ѕвездата од филмот „Basic Inastict” кој излезе во 1992 година и сцената со легендарниот бел фустан под кој не носи ништо. За таа сцена се зборува и ден денес.

imdb.com

А потоа Шерон Стоун се прашува зошто луѓето после толку години од премиерата на филмот уште зборуваат, зошто уште им е толку привлечна на мажите.

„Кога го снимав филмот „Basic Instinct”, ја истражував мојата темна страна и запознавав нови пријатели. Успеав да се доведам себе до тоа да не се плашам и да не се срамам од самата себе и мислам дека тоа е она што луѓето го коментираат како секси кај мене“, вели Шерон.

Исто така откри дека понекогаш ѝ е тешко да го прифати фактот дека ја доживуваат како секс симбол, без оглед на тоа колку тешки и сериозни улоги глуми.

„Тоа е понекогаш тешко, затоа што сите очекуваат да бидам она на кое се навикнати да го гледаат. Тоа беше тешко и за Мерилин Монро. Снимаше значајни филмови, како „Bus Stop” од 1956 година и други филмови, но никогаш не успеа да се ослободи од сексипилот и сликата што другите ја имаа создадено за неа.“

profimedia