Стружанецот доби голема „улога“ – Ратинген го назначи Јоноски за тренер-играч

750

По отказот за тренерот на Ратинген пред неколку дена, Халид Кан, германската екипа реши да назначи нов.

Денеска германскиот ракометен клуб извести дека како тренер играч го поставува нивниот ракометар, Ацо Јоноски, кој ќе треба да го стабилизира клубот, каде настапуваат уште неколку македонски репрезентативеци.

Јоноски и досега беше дел од асистент-тимот на претходниот тренер, па познавајки ја екипата, раководството на Ратинген смета дека ракометарот од Македонија е најсоодветно решение за тренер во овој момент.