(ВИДЕО) Торес го постигна голот на кариерата, а потоа судијата ги шокираше сите со одлуката

212

Искусниот шпански напаѓач Фернандо Торес најави крај на кариерата откако ќе заврши сезоната во Јапонија.

Торес и понатаму игра во одлична форма бидејќи минатиот викенд постигна два гола во победата на Саган Тосу со 4:2 против Шимицу С-Пулс. Но, шпанскиот напаѓач можеше да дојде до хет-трик со фантастичен гол.

Имено, Торес постигна гол од центаротна игралиштето и ги воодушеви навивачите, но потоа судијата сите ги разочара кога го поништи голот бидејќи не даде знак дека топката може да тргне од центарот.

Судијата не беше подготвен за продолжување на натпреварот и така го спречи Торес да го има еден од најубавите голови во својата кариера.