ИСХРАНА И ДИЕТИ „Здрави“ производи кои всушност не се здрави: Кога ги јадете внесувате 1.000 калории и повеќе!

85

Поради брзото секојдневие, неретко ни се случува да зготвиме нешто набрзина и тоа од „здрави“ намирници… Но дали навистина сте приготвиле здрав оброк?

За следниве 5 производи мислиме дека се здрави, но најчесто не се, па поради нив може да внесеме 1.000 калории и повеќе.

Енергетски плочки

Овие плочки помагаат ако ви недостига енергија, но ви додаваат и вишок калории, особено ако ги одберете оние со додатоци, како што се чоколадо, сируп или шеќер. Најдобро е сами да си направите енергетски плочки, бидејќи така ќе може да ги контролирате состојките.

Готови салати

Не се сите исти, но оние кои се готови, најчесто содржат непотребни калории и нездрави маснотии, благодарение на додатоците како што се мајонезот, маслото и слично.

Смути

Основата на секое смуди се овошјето и млекото и тие, секако, му годат на здравјето. Но дуплите порции, додатоците како што се сирупите или сладоледот додаваат доста калории.

Смрзнат јогурт

Делува како поздрав избор од сладоледот, но со оглед на тоа што порциите се големи и обично содржат додатоци како што се чоколадото или карамелата, јасно е дека овој десерт и не е толку здрав колку што мислите.

Сосови за тестенини

Вистина е дека доматот е полн со антиоксиданси што го штитат здравјето на организмот така што се борат против влијанието на слободните радикали, кои, пак, влијаат врз појавата на разни болести – од дебелеење до малигни заболувања. Сепак, кога станува збор за конзервираната верзија, тука се додаваат шеќери, конзерванси и засилувачи на вкусот, па така тие и не се веќе толку здрави.

 

loading...