„Црвените ѓаволи“ со 3:0 славеа против Панама. Сите три погодоци беа дадени во второто полувреме.
елгиската фудбалска репрезентација покажа зошто е меѓу главните фаворити за највисок пласман на Светското првенство во Русија. Во првото коло на Мундијалот, Белгија лесно со 3:0 славеше против Панама. Интересно е што сите три гола беа дадени во второто полувреме, но и кога резултатот беше 0:0, се гледаше доминацијата на фаворитот на теренот.
Панама се одбрани во првите 45 минута, а на стартот од второто полувреме Мертенс со еврогол го отвори резултатот и донесе предност за фаворитот. Да нема дилема за тоа кој ќе ги освои трите бода се погрижи Ромелу Лукаку. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед погоди во 69 и 75 минута за сигурни 3:0 и победа на „црвените ѓаволи“.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












