Стручна анализа ја зголеми цената на акцијата на Комерцијална банка за 10 отсто

39

Стручна анализа објавена од инвестициска банка специјализирана за пазарите во развој на Југоисточна Европа ја зголеми цената на акцијата на „Комерцијална банка“ предизвикувајќи промет на КМБ од милион евра за пет дена и раст на пазарната цена за речиси 10 отсто.

Во периодот од трети септември до петок (11 септември) во период од пет трговски дена акцијата на „Комерцијална банка“ направи промет во класично тргување од еден милион евра. И тоа со раст на пазарната просечна цена од речиси 10 отсто.

Голема е веројатноста деказголемениот обем на тргување на акцијата на „Комерцијална банка“ проследено со силно изразен ценовен раст на таа акција е предизвикана од веста што дојде деновиве до нашата инвесторска заедница.Анализата за „Комерцијална банка“ е објавена на 10 септември годинава и „потпишана“ е од Wood & Company инвестициска банка со седиште во Чешка која е специјалирана за пазарите во развој во Југоисточна Европа и е една од водечките инвестициски банки за овој регион

Акцијата на 3 септември имаше пазарна просечна цена од 6.415 денари за акција, а вчера на 14 септември просечната цена да изнесува 6.918 денари, а последната пазарна цена на акцијата да достигне 7.000 денари. Податоците се достапни на следниот линк https://www.mse.mk/mk/stats/symbolhistory/KMB

Во анализата која е достапна на 32 страници се препорачува купување на оваа акција и се прогнозира ценовно ниво до 8.000 денари за акција. Целата анализа е достапна на следниот линк https://listed-sme.com/en-GB/report на кој можат да се најдат „четива“ и „препораки“ и за други силни компании чии акции се листани на берзи од нашиот регион и седиштата на компаниите се во: Бугарија, Словенија, Романија, Србија и Хрватска.