Стриптизот се третира како уметничка дисциплина: 5 непознати факти за животот во Норвешка

683

Секогаш е забавно да се научи нешто ново за другите култури и земји, без разлика дали станува збор за егзотичен остров со мал број жители или развиена европска земја со популација од малку повеќе од 5 милиони луѓе.

Секој дел од светот има нешто што може да понуди, а тука не е исклучок ниту Норвешка.

Во наредните редови ќе ви откриеме 5 помалку познати факти за оваа скандинавска земја:

Норвешка е многу богата со нафта. Од таа причина во неа постои државен фонд од билион долари, настанат од продажба на нафта, кој се користи за зголемување на благосостојбата на граѓаните на оваа земја. Интересно е што во една година не се троши повеќе од 3% од оваа сума.

Малкумина знаат дека на оваа земја ѝ припаѓа архипелагот Свалбард кој се наоѓа на половина пат помеѓу Норвешка и Северниот пол. Интересно е што на овие острови секој може да живее и работи, без оглед на своето државјанство.

Верувале или не, Норвежаните велат дека нешто е „Тексас“ кога сакаат да нагласат дека нешто е премногу необично и лудо. Тие го употребуваат овој збор во секојдневниот говор уште од 50-те години на минатиот век, кога во оваа земја биле популарни вестерн романите и филмовите во кои Тексас фигурирал како територија на која нема правила и каде законот ретко се почитува.

Стриптизот во Норвешка законски се третира како уметничка дисциплина. Имено, апелациониот суд во 2006 година донел одлука изведувањето стриптиз за пари да биде ослободено од плаќање данок, слично на балетот, уметничкиот перформанс или театарот.

Во Норвешка постои традиција на читање крими романи и гледање серии и филмови од истиот жанр во текот на велигденските празници. Оваа традиција наречена „Påskekrim“ започнала во 1923 година кога писателите Нордал Григ и Нилс Ли го издале својот крими роман непосредно пред Велигден, а го рекламирале во весниците преку оглас со натпис: „Возот Берген беше ограбен минатата ноќ“, за кој многумина помислиле дека е вистинска вест. Ваквата реклама го кренала публицитетот на нивниот роман, кој подоцна се распродал за многу кратко време.