Страшни торнада “беснеат“ низ Европа, гром ги погоди фудбалерите во Германија: Морничави снимки од невремињата!

89

Страшно невреме со торнада ги погоди Луксембург, делови од Холандија и Германија, каде што во покраината Баден-Виртенберг од удар на гром се повредени 15 фудбалери.

Громот удрил додека фудбалерите тренирале во петокот навечер во близина на спортскиот центар, изјавил портпаролот на полицијата, пренесуваат германските медиуми.

Играчите со старост помеѓу 19 и 48 години се здобиле со полесни повреди, а една личност на кратко се онесвестила. Сите биле пренесени во болница.

Од последиците на невремето се срушил циркускиот шатор во Некарслум, а во таа прилика некој коњ бил потешко повреден па морал да биде успиен. Околу 15 камили и коњи побегнале од циркусот, но набрзо се фатени.

Во заедниците Петинген и Каерјенг во Луксембург во торнадото биле повредени најмалку 19 луѓе, од кои двајца со потешки повреди. Силното невреме уништило и околу 100 куќи, пренесуваат од локалните медиуми.

Рушевини и оштетени автомобили можат да се забележат околу тоа подрачје.

Во источна Франција торнадото било нешто со послаб интензитет, но локалните медиуми пренесуваат дека крововите се уништени на околу десетина куќи и уништени автомобили.

Со ветрот кој достигнал јачина од речиси 130 километри на час, торнадото поминало низ градовите во близина на границата со Белгија и Франција во петокот навечер.

На снимките објавени на социјалните мрежи се забележуваат “бесните“ ветрови кои се издигнуваат над куќите и патиштата и како ги носат крововите и гранките од дрвјата високо во воздух.

Исто така се гледа и дека автомобилите се оштетени, а патиштата блокирани, додека пак медиумите пренесуваат дека во некои делови нема ниту струја.

За сега нема податоци дали има повредени во Франција.

Во Амстердам торнадото поминало низ централните градски улици. Ветрот носел сè пред себе, а граѓаните во паника бегале во засолништа.

За среќа таму никој не бил повреден, а пријавени се помали материјални штети.

loading...