Наде Талевска Спасовска несомнено е еден од најдобрите вокали на домашен терен. И покрај квалитетите кои ги поседува, пејачката реши да се повлече од поп-музиката и веќе не снима и работи како порано. Причина за тоа се валканите игри кои, според нејзините кажувања, биле застапени на естрадната сцена и поради кои решила да стави крај на соло кариерата, па сега е посветена само на ангажманот кој го има во Македонската опера и балет каде е вработена веќе неколку години, пишува Вечер.
“Разочарана сум од валканите игри кои се играат и затоа решив да се повлечам. Посветена сум на работата во Македонската опера и балет, во моментов се спремам за настап со Сараевската филхармонија каде ќе гостувам заедно со уште неколку колеги, после тоа заминувам со хорот “Злата Мегленска” на натпревар во Фиренца, Италија, а покрај хорскиот дел, ќе се натпреварувам и во соло-категорија каде ќе изведам неколку теми. Кон крајот на јули заедно со хорот одиме во Шпанија, каде исто така ќе учествуваме на натпревар и сигурна сум дека и таму ќе доминираме”, вели Наде на која и е поприлично весело низ дома со оглед на фактот што е мајка на три деца.
“Кај нас дома секогаш е весело, разиграно, динамично, но и полно со љубов. Нервози има, со три деца не може да ги нема, но кога се сака, се се може. Ми помага сопругот, тука се и бабите и дедовците и успевам да излезам на крај со се”, додаде Наде.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



