Шпионски игри во Источен Медитеран. Грција уапси шпиони на Родос кои шпионирале во корист на земја членка на НАТО

105

Грчките медиуми објавија дека на островот Родос се уапсени две лица за наводно шпионирање за Турција и кршење на законот за безбедносни процедури на одбранбени локации.

Според грчкиот портал „Сити тајмс“, еден од обвинетите работел на патнички брод што пловел помеѓу Родос и островот Мегисти, близу брегот на Турција, додека другиот работел во конзуларната институција на Родос.

Се верува дека овие две лица снимале воени бродови и воени утврдувања на грчката армија и му ги предале снимките на вработен во турскиот конзулат.

Од друга страна, „Newsit.gr“ објави дека тие всушност биле муслимани од Грција, за кои разузнавачките служби се сомневаат дека едниот од нив, секретар во турскиот конзулат на Родос, регрутирал друг, кој е готвач на споменатиот патнички брод за да ги фотографира грчките бродови во таа област.

Тие активности ги започнаа во август, а безбедносните служби брзо воведоа ограничувања врз активностите на двете лица.

Исто така, извршен е детален претрес во домот на готвачот и му е одземена лична електронска опрема