Молекуларниот биолог од Србија, Филип Бошковиќ е еден од лицата кои учествувале во создавање на сосема нов тест кој ќе открие не само постоење на коронавирусот, туку и други вируси во телото, како и новите ковид-мутации.
Истражувачи од Универзитетот во Кембриџ развиле тест кој ќе ги регистрира вирусите и нивните варијанти побрзо од ПЦР тестовите и ќе го унапреди дијагноситцирањето и лекувањето на Ковид-19, но и другите респираторни инфекции.
Во тимот истражувачи е и молекуларниот биолог од Србија, Филип Бошковиќ, кој моментално престојува во Велика Британија.
„Тестот се базира на директно откривање на материјалите кои ги носат вирусите SARS-COV, односно RNK и DNK без потреба за репродукција. Тестот може да открие голем број патогени, како и други соеви“, изјавил Бошковиќ.
„ПЦР тестот е премногу сензитивен во некои моменти и главниот проблем е кога имате мала инциденца на вирусот и правите многу тестови и добивате други резултати, а овој тест го решава тој проблем“.
Вториот проблем се ‘лажно негативните тестови’, бидејќи многу е тешко да се фати една копија од вирусот во целиот организам, а ПЦР е најсензитивен метод во таквиот примерок, но и кај него се случуваат слични ситуации.
Сè уште не се знае кога тестот ќе биде пуштен во продажба, но се очекува до крајот на месецот да бидат одобрени научните резултати и да се поднесе барање за патент.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













