Капитализмот и алчноста и донеле успех на Велика Британија во вакцинирањето на населението, изјавил вчера премиерот Борис Џонсон.
Неговата изјава, како што пишува “Reuters”, би можела дополнително да го вознемири Брисел, кој се заканува дека ќе го блокира извозот на вакцини.
“За успехот во вакцинацијата му се заблагодаруваме на капитализмот и алчноста, пријатели мои”, ги пренесува “The Sun” зборовите на премиерот.

Според истиот извор, Џонсон тоа го кажал во вторникот навечер на затворен видео состанок со пратениците на својата партија во парламентот.
Џонсон, меѓутоа, веднаш ги замолил сопартијците “да го заборават тоа што го рекол”.
Од големите земји, Британија се покажала како најуспешна во вакцинацијата, но Европската унија, која бавно напредува по тоа прашање и се соочува со трет бран на зараза, се заканува дека ќе го забрани извозот на вакцини во Велика Британија.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












