СРАМОТА: Зијеш измамен – сакаше да израдува дете, но истото стана уште потажно

688

Се за пари, токму така може да се искоментира информацијата што пристигна од медиумите во Холандија.

Имено фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијеш сакаше да го израдува 11-годишниот Јасин Хисаири кој се проби покрај обезбедувањето за да стигне до него и да го побара дресот од фудбалерот на Ајакс.

Зијеш му ветил дека после натпреварот ќе му го даде дрсот, меѓутоа на крајот тој дрес место да стане спомен за малдиот навивач завршил на „eBay“.

За оваа приказна со тажен крај за момчето се погрижил непознат маж. Имено, некој се претставил како татко на детето кое влегло на терен и го побарал дресот од Зијеш. Фудбалерот поверувал и му го дал дресот.

Детето на крајот остана без дресот кој непознатиот маж го продал на интернет за сума од околу 700 евра.

„Не можев да дојдам до дресот затоа што брзав. Мајка ми ме чекеаше. Некој се претставил дека е мој татко и го добил дресот од Зијеш“, раскажа малото момче.