(ВИДЕО) Македонскиот каратист ограбен од судиите: Павлов остана без финале

532

Емил Павлов, еден од најдобрите македонски каратисти остана без финале и можност да се бори за злато на ЕП откако беше поразен од Русинот Плахутин, благодарение на судиите.

Имено иститие кумуваа на конечниот резултат сооглед на тоа што Павлов имаше чист удар со нога во главата на противникот, но судиите останаа неми, не давајќи му ниту еден бод иако за ваков удар според правилата следат три бода.

На крајот овој момент се покажа клучен, Македонецот го загуби дуелот со 0-2, па сега ќе мора да се бори за бронза, наместо за златен медал.