Машката репрезентација на Македонија загуби на вториот контролен натпревар од селекцијата на Кувајт со 22-23, но според извештаите по дуелот, нашите се среќни што воопшто се одиграл до самиот крај.
По еден груб старт над Марио Танкоски на десетина минути до крајот на натпреварот, можело да дојде до голема тепачка меѓу сите ракометари на теренот, но официјалните лица брзо реагирале и спречиле поголем инцидент.
Грубата одбрана и стартовите на ривалите, донесоа три македонски „жртви“, па повредени се тројца наши ракометари – Танкоски, Костески и Мишевски.
Утре селекцијата патува од Србија за Романија, и ќе нема доволно време за подготовка за дуелите на „Трофеј Карпати“ против Алжир и поразениот од Романија и Холандија. Згора на се, уште неколку ракометари се жалат на поситни повреди, па селекторот Данило Брестовац ќе има тешка задача да го подготви тимот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











