Македонец ја ожени ќерката на Стивен Спилберг – ќе биде тетовска снаа

708

Стивен Алан Спилберг е американски режисер, продуцент и сценарист. Спилберг е трикратен добитник на наградата Оскар и е најпрофитниот филмски работник на сите времиња.

Неговите филмови заработиле Нето вредност 3,6 милијарди долари (2020) интернационално. Од 2006, магазинот Премиер го смета како најмоќната и највлијателната фигура во филмската индустрија.

Тајм го вбројува како еден од 100-те најважни луѓе на векот. На крајот од дваесетиот век, магазинот Лајф го именува како највлијателната личност на неговата генерација.

Од 1985 до 1989 Спилберг беше во брак со глумицата Ејми Ирвинг. Во нивниот разводен договор во 1989, таа доби 100 милиони долари од Спилберг откако судијата го поништува нивниот предбрачен договор напишан на салфета. Нивниот развод беше одбран како третиот најскап развод на славните личности во историјата.Веднаш по нивниот развод, Спилберг и Ирвинг го делеа старателството на нивниот син, Макс Семјуел.

Спилберг подоцна започна врска со глумицата Кејт Кепшо, каде што ја запозна кога и даде улога во Индијана Џонс и храмот на пропаста. Тие се венчаа на 12 октомври, 1991. Кепшо преминува во јудаизам

Дестри Алин, ќерка на американскиот режисер, продуцент и сценарист Стивен Спилберг, која исто така е добитник на многу награди „Оскар“ за најдобар режисер, е верена со нејзиното момче Генц Легранд, со кого се во врска веќе подолго време.

Веста ја соопшти лично Алин во петокот на нејзиниот профил на Инстаграм, пренесува „Холивуд Рипортер“.

Генц Легранд е син на радиологот од Тетово, Кабил Тахири кој живее во Швајцарија. Таа сподели две фотографии, една со нејзиното момче и друга со вереничкиот прстен.

„Многу сум возбудена што го продолжувам животот со мојот близок пријател. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Те сакам “, напиша Алин.

Еле Фанинг, Кејтлин Девер, Жулијан Мур, Ирланд Болдвин и нејзината сестра Саша Спилберг се меѓу оние кои и честитаа на Алин за веридбата. Таа го промени своето славно презиме кога ја започна својата кариера во Холивуд.