Сопругата на згодниот холивудски актер на мета на критики поради последната фотографија: „Не наликува на себе…“

602

Додека едни од обожавателите имаат кавги поради тоа дека фотографијата на Дебора Ли Фурнес е премногу фотошопирана, други тврдат дека 64-годишната жена изгледа совршено.

Дебора Ли Фурнес се појави на насловната страна на едно австралиско списание, а многумина забележаа дека сопругата на Хју Џекмен на насловната фотографија изгледа многу поразлично отколку во реалноста.

„Таа е прекрасна жена и целата е природна. Не знам зошто толку се полемизира за нејзиниот изглед“ – напишал некој корисник на Твитер.

Хју Џекмен и Дебора инаку се еден од најдолговечните холивудски парови. Оваа година прославиле 24-годишнина од брак, а поради разликата во годините тие често се на пик на јавноста и многубројни негативни коментари.

Дебора е постара од Хју 13 години, но без оглед на тоа тие се во голема љубов.

Се запознале во далечната 1995-та година на сет на драмата „Correlli“. Иако од серијата се прикажуваше само една сезона, Хју често истакнува дека таа работа била најдобрата на светот, затоа што таму ја запознал жената на својот живот.

Тие двајца се венчале една година подоцна, а заедно посвоиле две деца.