Времето денеска ќе биде претпладне сончево и свежо, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје сончево, до крајот на денот со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 14 степени.
До четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















