Повторно ќе се кандидира! Рано е за пензија: Трамп тргнува кон финалната пресметка!

86
In this July 17, 2019, photo, President Donald Trump arrives to speak at a campaign rally at Williams Arena in Greenville, N.C. (AP Photo/Carolyn Kaster)

Во денешниот говор на конференцијата за Конзервативна политичка акција (CPAC), поранешниот претседател Доналд Трамп, меѓу редови, најави уште една кандидатура за Белата куќа во 2024 година, повторувајќи ги своите тврдења дека демократите ги „украдоа“ изборите во 2020 година, пренесува Ројтерс.

Си-Ен-Ен наведува дека Трамп денес, зборувајќи на CPAC во Орландо во Флорида, се обиде да ја врати својата улога и да обезбеди најголемо влијание во Републиканската партија пред меѓу изборите во 2022 година.

Далеку од тоа дека нашето неверојатно патување е готово. Ние ќе победиме, а Америка ќе биде и посилна и поголема од порано, рече Трамп.

Иако има истакнати критичари во партијата, повеќето републикански лидери застанаа на страната на Трамп за време на конференцијата во Орландо, додека државните и локалните партиски претставници започнаа да ги осудуваат републиканските пратеници кои го поддржаа неговото отповикување, се наведува во извештајот на оваа американска телевизиска мрежа.

Си-Ен-Ен објави дека Трамп победил и во неофицијалната анкета меѓу учесниците во CPAC, кои биле анкетирани кого би сакале да го видат како претседателски кандидат на Републиканската партија во 2024 година, но и дека овие резултати сугерираат дека постои интерес и за други потенцијални кандидати.

Беа спроведени две анкети, едната го содржи името на Трамп како можен кандидат, а на другата анкета го немаше неговото име.

Во анкетата со Трамп, 55 проценти од присутните изразија поддршка за поранешниот претседател како нивен кандидат за изборите во 2024 година, а 21 процент од нив го поддржаа гувернерот на Флорида, Рон Десантис, додека во другата анкета што го исклучи Трамп, Десантис беше далеку пред другите кандидати со освоени 43 проценти од гласовите, според Си-ен-ен.

CPAC е еден од најважните годишни собири на конзервативците и се одржува во моментот кога ќе се одлучи каде ќе оди Републиканската партија, дали ќе се дистанцира од поранешниот претседател или ќе остане со него.