Со овој трик отстранете ги непријатните мириси од вашиот дом и од автомобилот

823

Ја собира влагата, ги отстранува непријатните мириси и освежува…

Постои едноставно и евтино решение за неутрализирање на непријатните мириси!

Доколку во вашиот автомобил или во домот чувствувате непријатни мириси од застоена храна, влага или некој друг фактор, од нив ќе се решите со обични вреќички чај.

Докажано, сувите вреќички чај ги впиваат непријатните мириси и влагата. Вреќичките наредете ги на неутрални места во станот, агли, ормари…

Во автомобилот сместете ги под седишта и во багаж. Брзо ќе забележите промена.

Ви откриваме и генијален трик против непријатни мириси во вецето

На појавата на непријатни мириси во бањата може да влијаат туширањето, пареата, валканите алишта, вршењето нужда. За вашето wc да мириса пријатно и свежо, ви советуваме да направите спреј за неутрализирање на миризбата.

Ви треба:

Водка

Есенцијално масло

вода

гранче нане

Во пластично шише со пумпа ставете до половина вотка, 10 капки есенцијално масло по избор, 200 мл вода и 4-5 ливчиња или гранче нане. Смесата промешајте ја и оставете ја да отстои.

Пред секоја употреба протресете.