Според изјавите дадени за престижната спортска телевизија „Фокс“, ова е само почеток на една приказна, чиј епилог треба да се случи на Светскиот куп во 2025 година во рагби, кон што целат ентузијастите кои ја почнаа целата приказна. Станува збор за проект кој е почнат од обично обложување во паб, но со интенција да прерасне во нешто големо, секако ако во меѓувреме биде препознаен од спортските авторитети од нашата држава, без чија дозвола не е можно да се создаде било каква репрезентација во било кој спорт.
Неофицијално, Македонија својата рагби приказна би требала да ја почне во Европската дивизија Д, преку која ќе проба во следните четири години да се пробие до дивизијата Б, од каде што потоа би можела да дојде до шанса да се квалификува на СК 2025. За таа цел ангажиран е квалитетен стручен штаб, со шампионско искуство во лигата на Австралија, а меѓу тренерите е и актуелниот шампион во УФЦ, Александар Волкановски, кој исто така има потекло од нашата земја.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












