Летото е најубавиот период во годината, а сезоната на одмори е официјално отворена. Сепак во лето има нешто што најмногу не вознемирува и за тоа ќе се согласите сите. Комарците се оние коишто ни го скратуваат уживањето во летните денови, а нивните убоди знаат да бидат доста болни и иритантни.
Доколку не можете да се изборите со комарците, а нивните убоди ви претставуваат иритација на кожата, тогаш треба да знаете кои намирници ќе ви помогнат да го намалите чешањето и отокот на кожата. Најпрвин убоденото место измијте го со вода, а потоа искористете некоја од следниве намирници:
Мраз
Мразот ќе го смали отокот, но исто така ќе влијае на способноста Вашите нерви да испраќаат сигнали од убод на комарец до мозокот.

Сода бикарбона
Измешајте сода бикарбона и малку вода, а добиената смеса намачкајте ја на местото каде што имате убод од комарец.

Бел лук
Општо е познато дека белиот лук е природен антибиотик, односно тој може да ги убие бактериите што ги има околу убоденото место.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















