Денес времето ќе биде сончево со мала локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, соопштува УХМР.
Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Од Управата информираат дека во наредните денови следи период на потопло време, а значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.
Во почетокот на наредната седмица ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















