Разголен судија ја потресол Црна Гора: Избил скандал поради фотографиите кои редовно ги објавува од базен и луксузниот живот

651

Комисијата на Судскиот совет на Црна Гора веќе речиси еден месец и пол не утврдила дали судијата на Основниот суд во Котор, Вељко Булатовиќ го прекршил етичкиот кодекс со објавувањето на разголени фотографии на социјалните мрежи.

Постапката започнала на предлог на претседателката на Врховниот суд, Весна Меденица, откако добила забелешки за претставувањето на Булатовиќ на мрежите.

Судијата на социјалните мрежи, на својот профил, објавувал фотографии со кои наводно се нарушува угледот на судиите, што е во спротивност со Етичкиот кодекс кој ги обврзува во приватниот живот да водат сметка за тоа како однесуваат и облекуваат.

“По повод вашето прашање, кое и го поставивте претседателката на Врховниот суд на Црна Гора, госпоѓа Весна Меденица, истакнуваме дека, тргнувајќи од должноста за укажување на однесувањето на судиите кое е во спротивност со Етичкиот кодекс, претседателката на Врховниот суд на Црна Гора поради неетичко постапување на именуваниот судија, му предложи на претседателот на Основниот суд во Котор да иницира започнување на постапка за утврдување на повреди на Етичкиот кодекс на судијата пред надлежната Комисија”, одговорено било од кабинетот на Меденица.

Од кабинетот на претседателот на Основниот суд во Котор, Бранка Вучковиќ, објасниле дека започнале постапка на 2. ноември.

Булатовиќ рекол дека не би го коментирал започнувањето на постапката, бидејќи одлучувањето е во тек.

Тој на својот профил редовно објавувавлв разголени фотографии од базен, теретана…Многу од тие фотографии биле избришани бидејќи против него била отворена постапка.

Покрај голотијата, на судијата му биле замерено и поради скапата гардероба, пијалаците и луксузните навики.