Во Белгија бил утврден првиот случај на заразена мачка од коронавирусот, пренесуваат белгиските медиуми.
Според информациите кои што ги пренесува белгискиот весник „Brussels Times“, мачката се заразила од вирусот така што нејзиниот сопственик претходно бил позитивен на коронавирусот.
Животното имало полесни симптоми на Ковид-19, меѓу кои и отежнато дишење, било потврдено на прес-конференцијата.
Колку што е познато, ова е првата мачка во светот која што е заразена од коронавирусот. Претходно две кучиња во Хонгконг биле позитини на Ковид-19.

„Мачката имаше дијареа. Повраќаше и имаше потешкотии со дишењето. Во изметот беше пронајден вирусот“ – изјавил на 27-ми март проф. Стивен Ван Гухт.
Не е наведено моментално во кава здравствена состојба се наоѓа мачката.
Во меѓувреме од СЗО укажаа дека ‘не постои доказ дека кучињата, мачките или пак било кои домашни миленичиња можата да го пренесат вирусот на човекот’.
Професор Ван Гухт порачал дека станува збор за изолиран случај и тој нагласил дека ризикот за пренесување на вирусот од животно на човек е многу мал.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











