Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект.
Новиот парк освен содржини за забава ќе има и ресторани и поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун, пренесува Вечер.
–Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината. Овие забавни паркови сами по себе позразбираат дека надвор од забавните содржини треба да има и постоење на поинакви места, како ресторани и други забавни содржини за сите возрасти. Тоа се места каде семејството може пријатно да си помине. Она за што јас водам сметка е што средствата што овој град ги потроши за набавка на апаратите, само милион евра е партерното уредување според стариот проект, да бидат вклопени во новиот проект, значи да не трошиме дополнително пари – рече Петре Шилегов.
Во градската каса за оваа намена за 2019 година се предвидени вкупно 1,3 милиони денари од кои 4 милиони денари за изработка на проектот, 26 милиони денари за набавка на реквизити и нивно монтирање и 50 милиони денари за изградба на паркот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











